„Скулптури на новото време 2017“ во Куманово`
Во Изложбениот салон на Центар за култура “Трајко Прокопиев“ - Куманово утре во 20 часот ќе биде отворена традиционалната биенална изложба на скулптури “Скулптури на новото време 2017“.

Оваа година учествуваат авторите: Горан Ѓорев, Никола Смилков, Ангел Коруновски, Кирил Мукаетов, Јадранка Урдаревски, Бранко Величковски, Андреј Митевски, Марјан Стојаноски, Емил Солески, Стојче и Емилија Тоциновски, Виктор Лазароски, Сашко Јанев, Атанас Атанасоски, Мирослав Величковски - Мире, Мартина Трпческа, Марина Цветановска-Мартиновска, Влатко Зафирковски, Сергеј Дамовски, Александар Јанев, Јордан Јанев - Дане, Гордана Хаџи-Николова Малашев.
Деветтото издание на биеналната изложба на скулптури “Скулптури на новото време 2017“ претставува продолжување на започнатата мисија на претставување на автори и дела коишто опстојуваат на македонската ликовна сцена.
Изложбата е во организација и координација на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ - Куманово а е финансиски поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.