Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Слаѓана Ѓорѓиевска од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде нова советничка во Советот на Општина Куманово, на местото на Емилија Трајковска, која стана пратеник во македонското Собрание.
Мандатот треба да го потврди Општинската изборна комисија(ОИК) во наредните денови, по што Комисијата за мандатни и имунитетни прашања ќе го верификува на седницa, која ќе се одржи во среда. Предходно ќе и биде констатиран престанок на мандатот член на Совет на Трајковска.
Ѓорѓиевска беше на изборната листа на советници на Коалицијата на подобра Македонија на место број 15. Жена пред неа беше Елена Трајановска, но таа не ги исполнува условите да седне во советничкото столче затоа што го сменилa местото на живеење надвор од Куманово.
Ѓорѓиевска беше советник во Советот на Општина Куманово од 2009 до 2013 година. Член е на општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово од 1998 година. По професија е медицински лаборант и санитарен техничар и работи во Здравствен дом Куманово.