Следува продолжен викенд, понеделник неработен ден
31.07.2020 09:04
| KumanovoNews
Националниот празник 2 Август - Денот на Републиката е неработен за сите граѓани.

„Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците, 2 Aвгуст - Ден на Републиката, кој се паѓа во недела , односно 3 август - понеделник е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, - соопштуваат од МТСП.
Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани им го честита Денот на Републиката.