×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Сметките за вода ќе се плаќаат и преку интернет

    28.02.2020 13:03 | KumanovoNews

    ЈП „Водовод“ - Куманово ќе започне со електронска наплата на сметките за вода. Во иднина корисниците на нивните услуги ќе можат онлајн, од дома со дебитна или кредитна картичка да ги плаќаат сметките за потрошената вода.

    Сметките за вода ќе се плаќаат и преку интернет

    - Со оваа услуга брзо, лесно, сигурно и без провизија ќе може да се платат сметките за вода. Корисниците кои имаат повеќе водомери, може да ги групираат на сопствениот профил и ќе имаат преглед на сите неплатени сметки на едно место. Услугата е наменета за физички лица. За креирање на кориснички профил на веб-страницата e-naplata.vodovod-kumanovo.com.mk потребно е да се внесе корисничкиот број (шифра). Понатаму, при секоја најава, корисникот ќе добива детален увид во неплатените сметки, во секое време од денот, - соопштуваат од препријатието.

    Со новата услуга корисниците имаат можност да ги избегнат каматите за задоцнето плаќање и да не се грижат за пристигнувањето на сметките. Онлајн плаќањето е одлична можност за оние корисници кои патуваат често или живеат надвор од Куманово. Со оваа услуга корисниците ќе заштедат време, пари и енергија, а во исто време ќе имаат целосен увид во сите неплатени сметки.