Снег на патот Крива Паланка - Деве Баир
09.12.2014 10:16
| KumanovoNews
Слаб снег утрово има на патниот правец од Крива Паланка до граничен премин Деве Баир.

На коловозот има остатоци од кашест снег. Појава на магла има на патниот правец Страцин – Кратово – Пробиштип со видливост 50-100 м, а на патен правец Страцин – Куманово видливоста е од 50-100 м. На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување на возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и приспособување на брзината според условите на патот.