20. 12. 2009 00:00

Снегот го отежна сообраќајот

Снегот го отежна сообраќајот

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци и утринава се одвива отежнато и во зимски услови поради врнежи од снег кои се со намален интензитет.

Коловозите се влажни и со остатоци од снег особено на повисоките планински превои каде движењето на возилата е забавено и отежнато. Забраните за тешки товарни возила и понатаму на патните правци Гостивар-Кичево преку планинскиот превој Стража и на патниот правец крак Маврово-Дебар и сеуште важат. На овие патни правци има поголеми остатоци од снег на коловозите и за патничките возила се препорачува исклучително внимателно возење и прилагодување на брзина на движење поради можноста од пролизгување. На превоите Пресека, Буково, Ѓавато и Плетвар нема забрани за движење на возилата, но и таму снегот се задржува на коловозот. Внимателно и низ клисурите на почестата појава на поситни одрони, особено на патните правци Маврово-Дебар, Катланово–Велес и Демир Капија-Удово. Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини. Потсетување за возачите на нивната законска обврска, за задолжително поседување на зимската опрема во возилата.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk