Снежана Захариева нова директорка на Кумановската болница
Снежана Захариева е нова директорка на Општата болница Куманово.
Захариева е доктор специјалист анестезиолог, а доаѓа на местото на досегашниот директор Ариф Љатифи.
„Голема благодарност до Министерството за здравство за укажаната доверба да раководам со една голема здравствена институција која згрижува пациенти не само од Куманово, туку и од целиот североисточен регион. Со добар тим и посветена работа се надевам дека ќе ја вратиме довербата кај пациентите и дигнитетот на институцијата, - изјави Захариева.
Снежана Захариева е поранешна претседателка на општинската организација на СДСМ и актуелна советничка во советот на Општина Куманово.