Со 225.000 евра европски пари ќе се реконструира поранешниот хотел „Солун“ во Куманово
Зградата во којашто се наоѓал хотел „Солун“ или сегашниот Клуб на ветерани во Куманово, кој е дел од културното наследство на Општината, ќе се обновува со средства обезбедни преку проектот „Заедничка историја и култура, мост преку границите“.

Проектото е финансиран од страна на ЕУ, преку СБС програмата за меѓугранична соработка, кој го реализира Општина Куманово заедно со Општина Дупница од Република Бугарија.
Вкупниот износ на целиот проект изнесува 481.699 евра, а Општина Куманово ќе добие 220.483 евра.
Се очекува проектот да се реализира во март, предвидена е конзервација, реставрација, санација и адаптација на хотелот, како и опремување на просториите со мебел.
- Предвидени активности во рамки на проектот се зачувување и реставрација, санација и адаптација на поранешниот хотел Солун исто така и набавка на мебел и опрема за поранешниот хотел „Солун“, со цел да му се обезбеди нова функција на културно и туристичко место. Бината ќе биде туристичка атракција на градот, тоа ќе биде примарна работа, а исто така би можеле во горните простории коишто ќе бидат направени да се одржуваат прес-конференции, случувања, културни и уметнички манифестации, се` во склоп на поддршка на Општината,- вели Александар Крстевски од Општина Куманово.
Додека пак, средствата наменети за Општина Дупница ќе бидат искористени за конзервација на зградата на Стариот округ хол во Дупница и изградба на дополнителни простории, како и на развивање на современа маркетинг стратегија за промоција на стариот урбан стил на животно наследство на меѓугранична соработка.