Со 30.000 долари во гаќи сакала да помине граница
02.12.2014 09:34
| KumanovoNews
Со девизи скриени во долната облека, Србинка викендов сакала да помине на граничен премин Табановце.

При личен претрес на српската државјанка, која управувајќи автомобил со српски регистарски таблички се пријавила за излез од државата, во долната облека на патничката пронајдени се 30.000 американски долари. Личниот претрес бил извршен откако претходно, при контрола на нејзиниот багаж, во рачна ташна пронајден е документ за подигнати девизни средства од банка во Скопје.