Со БМВ искршил рампа на патарината Романовце, па удрил во полициско возило
03.01.2022 18:34
| Сузана Николиќ
Триесетгодишен возач денеска бил приведен од полицијата, откако претходно искршил рампа на патарината Романовце, а на влезот од Скопје удрил во полициско возило.

„Денеска полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.С.(30) од село Батинци, скопско. Претходно, околу 01.00 часот на автопат Скопје – Куманово тој со возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, искршил рампа на наплатна станица Романовце, а на влезот во Скопје удрил во полициско возило“, информираат од МВР.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.