Со фалсификуван пасош сакал да помине граница
11.12.2014 13:19
| KumanovoNews
Албански државјанин со пасош со фалсификувани страници сакал да помине на граничен премин Табановце.

М.Д.(32) на почетокот на месецов при пасошка контрола на излез од Македонија на Табановце приложил албански пасош. Констатирано е дека на пасошот му фалат страници и истите се заменети со фалсификувани страници. При преглед на багажот најдена е албанска лична карта, на која чипот во десниот дел и бил оштетен.
Против М.Д. е поднесена кривична пријава за фалсификување исправа.