Мени

Со фалсификувана шасија поминувал граница

10.04.2014 11:44 | KumanovoNews

Жител на прешевско село со фалсификуван број на шасија од автомобил  поминувал на граничен премин Табановце.

Со фалсификувана шасија поминувал граница

Полицајци од граничниот премин пред неколку дена при контрола на автомобилот “голф“ на С.А.(45) од прешевското село Буштрење забележале дека бројот на шасија е фалсификуван.

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против српскиот државјанин С.А. за “фалсификување исправа“.