Со граѓанска трибина во Куманово вечерва завршува централниот караван на СДСМ
15.10.2021 11:43
| KumanovoNews
Вечерва на Градскиот плоштад, со почеток во 20,00 часот, ќе се одржи граѓанска трибина и промоција на кандидатот за градоначалник од СДСМ Оливер Илиевски и на кандидатите за советници на Општина Куманово, со што завршува предизборната кампања и централниот караван „Најдоброто за мојата општина“на владејачката партија.
На трибината ќе се обрати претседателот на СДСМ Зоран Заев, кој претходно, со почеток во 18,30 часот, ќе присуствува и на трибина пред граѓаните на општина Арачиново.
Граѓанските трибини во Куманово и во Арачиново може да се проследат и во живо на официјалниот youtube канал на СДСМ и официјалната Facebook страна на претседателот на СДСМ Зоран Заев.

