×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со грант од УСАИД ќе се реновира фискултурната сала во училиштето во Драгоманце

    25.06.2020 08:46 | KumanovoNews

     Со средства добиени преку проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието (МИМО) ќе се обнови фискултурната мини сала во Основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ во селото Драгоманце.

    Со грант од УСАИД ќе се реновира фискултурната сала во училиштето во Драгоманце

    За реновирањето на старата фискултурна сала добиен е грант од 1.200.000 денари од УСАИД, во рамките на Компонентата 3: Стимул на училишта за реновирање во 2020 година, а удел во реновирањето ќе земе и училиштето со работна сила и Општината со своја механизација.

    Дел од средствата ќе бидат наменети и за замена на влезната врата во училиштето и вратите во училниците.

    „Секое дете заслужува и има право на подобри услови за образование. Со првиот проект кој го добивме, уште во 2013 година сменивме алуминиумски прозорци и изградивме тоалети внатре во училиштето.  Вториот проект, сега е наменет за реновирање на постоечка стара фискултурна мини сала, која ќе се обнови, односно реконструира. Зависно од сумата која ќе се потроши за реновирање на салата, преостанатите средства ќе бидат распределени за наменскиот дел, односно ќе се сменат вратите. Денес, започнува првиот состанок на тимот за реновирање на училиштата, веднаш ќе се подготват документите и реализирањето ќе започне во најкраток можен рок“, вели Анета Станковиќ Јанковска, директорката на училиштето.

    Oд училиштето и понатаму продолжуваат да работат на апликации за проекти од најразлични видови, со цел добивање на средства за овозможување на поквалитетно образование на нивните ученици.

    Во Основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ во селото Драгоманце настава посетуваат 70 ученици, без новозапишаните.

    (Ф.Марковска)