Со метален предмет нападнал полицаец
31.05.2021 19:12
| KumanovoNews
Полициски службеници од СВР Куманово, вчера во 11.45 часот од слобода го лишиле О.Ц.(46) од с.Љубодраг затоа што со метален предмет нападнал нивен колега кој извршувал службени дејствија.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.