Со мотор удрил во велосипедист, па избегал
15.07.2020 08:25
| KumanovoNews
Во населбата „Бавчи“ во Куманово, синоќа во 22.30 часот на земјен пат , мопед „томос“, управуван од непознат возач, удрил во велосипед управуван од Џ.С.(36) од Куманово, па го напуштил местото на незгодата.

Велосипедистот се здобил со повреди, по што бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.