Со оружје ја нападнал поранешната сопруга пред родителите и ја одвел дома
08.12.2022 21:31
| KumanovoNews
Во Полициско одделение Матејче, ноќеска по полноќ, 60-годишен жител на кумановско село пријавил дека околу 21.35 часот, додека бил во неговата куќа заедно со сопругата и нивната 21-годишна ќерка, дошол неговиот поранешен зет Д.С.

Пријавениот, инаку од с.Орланце, скопско, со уште едно лице, физички ја нападнале ќерката и со закана со оружје ја одвеле од домот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.