„Со песна да ти кажам“ концерт на народна музика пред Центарот за култура во Куманово
19.08.2020 13:17
| KumanovoNews
На платото пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, утре со почеток во 20:30 часот, ќе се одржи концерт на народна музика „Со песна да ти кажам“.

На концертот ќе настапат: пејачката Кате со групата „Нели ти реков“, Сефедим Бајрамов, Мартија Станојковиќ, Милена Строимановска, Нино Величковски, Перо Христов и Маргица Антевска.
Пред платото на центарот ќе бидат поставени од 50 до 60 столчиња за публиката на растојание од метар ипол, а организаторите апелираат до граѓаните да носат заштитни маски и да не се групираат.