Со повеќе културни и спортски настани ќе се одбележи 11 Октомври во Куманово
Со повеќе културни и спортски манифестации Општина Куманово ќе го одбележи 11 Октомври - Денот на народното востание.

Централната прослава ќе се одржи на Спомен костурницата на паднатите борци во НОБ, која ќе започне во 10 часот.
„Куманово достоинствено ќе го одбележи овој датум, свесни за заложбите на нашите предци и сите оние што се вградиле Македонија да биде ова што е денес. Затоа ја користам можноста освен да го честитам денот и да ги поканам сите наши сограѓани да излезат што помасовно на Спомен Костурница и заедно како што доликува да им одадеме почит на сите кумановци, кои загинале во Втората светска војна, - изјави градоначалникот Максим Димитриевски.
Во рамките на одбележување на празникот, во петок во 20 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, ќе биде промовирана и песната „Прошета се Јовка Кумановка“ во преработка на „Некст Тајм“.
Меѓу другите активности ќе се организира и турнир во тенис, велосипедската трка, турнир во пинг понг, атлетска трка низ улиците на градот, кружна трка низ градот во организација на „Мулти култи“, како и планинарски марш.