Со воена свеченост ќе се одбележи Денот на првиот пешадиски баталјон
Во касарната „Боро Менков“- Куманово, утре во 12 часот, со воена свеченост припадниците од Првиот пешадиски баталјон ќе го одбележат Денот на единицата 26 февруари.

По тој повод делегација од единицата ќе положи свежо цвеќе пред спомен плочата во с.Жегљане.
Во рамки на прославата предавање ќе оддржи командантот на гарнизон потполковник Мирче Тасев.
По завршување на официјалниот дел единиците ќе продефилираат пред присутните со дел од вооружувањето, опремата и возила со кои располага единицата.
На прославата ќе присуствуваат претставници од претпоставените команди, поранешните команданти на единицата, преставници од државна управа, јавните установи и служби, градоначалниците и преставниците на локалната самоуправа, правни и физички лица со кои единицата има соработка.