Успешна крводарителска акција во Кумановската полиција
05.03.2024 19:48
| KumanovoNews
На редовна крводарителска акција во просториите на СВР Куманово се собрани 35 единици крв. Ова е прва, од предвидените три за тековната 2024 година.

„Во периодот од 9.00 до 14.00 часот, во просториите на СВР Куманово е спроведена редовна крводарителска акција на вработените, во која се собрани 35 крвни единици. Оваа крводарителска акција е прва по ред од предвидените три за 2024 година, согласно годишниот план на МВР“, соопштуваат од полицијата.