×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Собранието ги изгласа замениците министри, меѓу нив и четворица кумановци

    24.09.2020 07:40 | KumanovoNews

    Собранието синоќа ги изгласа замениците-министри во Владата. На четири позиции влегуваат кумановците: Димитар Ковачевски заменик министер за финансии, Зоран Маневски заменик министер за економија, Трајан Димковски заменик министер за земјоделие и лекарот Илир Хасани ќе биде заменик министер за здравство.

    Собранието ги изгласа замениците министри, меѓу нив и четворица кумановци

    Во биографијата на Димитар Ковачевски е наведено дека е доктор на економски науки. Професор на Факултетот на деловна економија и менаџмент на Универзитетот Американ Колеџ во Скопје. Има завршено образовна програма за извршни директори на Харвард Универзитетит во САД. Соосновач е на Пиксел Гроуп Скопје, компанија за производство и развој на елементи за производство на електрична енергија од обновливи извори. Во неговата 20 годишна професиомална кариера беше извршен директор на ОНЕ.ВИП Македонија, а бил дел од менеџментот на Македонски Телеком, Дојче Телеком. Димитар Ковачевски е син на поранешниот градоначалник на Куманово Слобадан Ковачевски.

     Заменик-министерот за економија Зоран Маневски е роден 1957 година во Куманово. Татко е на две полнолетни деца. По образование е дипломиран економист. Работно искуство: државен секретар во Министерството за транспорт и врски, раководител на финасиско-комерцијален сектор во ЈП Водовод- Куманово, државен секретар во Министерство за економија, помошник директор во ЈП Чистота и зеленило-Куманово. Во два мандати беше советник во Советот на Општина Куманово.  

    Трајан Димковски е роден 1967 година, по образование е земјоделски инжинер-насока лозаро-овоштарство. Една година од јуни 2019 до август 2020 беше министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Работел како раководител на сектор за рурален развој во МЗШВ, шеф на кабинет  и посебен советник на министерот Љупчо Николовски. Ја вршел функцијата извршен директор  и претседател на Управниот одбор на Федерацијата на фармери, а своето професионално искуство го градел и како менаџер на Здружението на земјоделски производители во Куманово.

    Во биографијата на доктор Илир Хасани наведено е дека роден 1977 година во Куманово, каде завршил основно и средно образование. На Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје дипломирал во 2001 година, со среден успех 8,8. По завршениот задолжителен лекарски стаж се вработил во Приватната здравствена установа „Зана“ како доктор по општа практика. На Клиниката за трауматологија се вработил во 2004 година. Со звањето специјалист по општа хирургија се здобил на 2008 година. Во 2006 бил избран за помлад асистент, во 2011 за асистент, а во 2015 година бил избран за асистент-докторант на Медицинскиот факултет по предметот хирургија. Од 2009 до 2010 ја вршел функција в.д. директор на Клиника за ортопедски болести при Клинички центар-Скопје . Во 2010 година бил именуван за заменик кординатор на хируршки клиники со Ургентен центар, КАРИЛ и Клиника за ортопедски болести. Во периодот од 2011 до 2017 година ја вршел функцијата раководител на Ургентниот хируршки центар. Од 2017 e именуван за в.д директор на ЈЗУ УК за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар-Скопје. Во 2017 бил именуван за Национален советник на Министерот за здравство. Во 2018 ги заврши докторските студии од областа трауматологија на коскено-зглобниот систем на Медицинскиот Факултет во Скопје. 2018 година ја заврши и субспецијализацијата по трауматологија, со што стана субспецијалист трауматолог.

    Останати заменици министи се: Башким Хасани, Министерството за одбрана, Назим Буши, МВР, Агим Нухиу,  Министерството за правда, Илхан Рахман,  Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, Фатмире Исаки, МНР, Арафат Шабани, Министерството за образование и наука, Енвер Хусејин, Министерството за труд и социјална политика, Зоран Димитровски, Министерството за локална самоуправа, Седат Сулејмани,  Министерството за култура, Александар Бајдевски, Министерството за информатичко општество и администрација, Беким Реџепи, Министерството за транспорт и врски и Христина Оџаклиеска, Министерството за животна средина и просторно планирање.