×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Собранието не го прифати предлогот за покачување на паушалот на раководството на пензионерите во Куманово

    29.02.2024 16:27 | Оливера Пешевска

    Делегатите на Здружение на пензионери на денешното Годишно собрание не го изгласаа предлогот за зголемување на месечните паушали на функционерите во Куманово.

    Собранието не го прифати предлогот за покачување на паушалот на раководството на пензионерите во Куманово

    Од вкупно 32 делегати повеќето се изјасниле против, по што предлогот бил повлечен. На состанокот имало и предлог да се намалат хонорарите.

    „Годишното собрание на Здружението на пензионери Куманово помина во коректна атмосфера, но единствениот критериум кој го постави Сојузот за висината на хонорарите не помина кај делегатите. Продолжуваме со редовните активности и извршување на обврските, но сите посериозни одлуки ќе ги разгледаме по завршување на изборниот процес, за да не се подгреваат меѓупартиските тензии. Не не интересира политика, јас лично сум аполитичен, работиме за пензионерите и сметам дека не треба да се вмешуваат инструирани поединци во било какви дебати и одлуки“, изјави претседателот Ристо Бошков.

    Пред одржување на Годишното собраните се собраа 30- тина членови на здружението, кои сакаат да присуствуваат на состанокот. Беше примена нивна делгација која ги кажала барањата, а закажале состанок со претседателите на месните одбори на 6 март.

    „Јас сум револтиран што некој за 4 часа што ќе протегне нозе да дојде до канцелариите на здружението зема 14 илјади денари, а минималната пензија е 12.510. И нивните дневници се покачени од 800 на 1.000 денари, а не може да се поделат средства на некој пензионер кој пред народна кујна чека оброк и леб. Ние немаме никаков увид таму, да видиме каде и како се трошат средствата“, истакна Мирослав Цветковски, 72 годишен пензионер.

    Дел од пензионерите се лути тоа што функционерите немале слух за нивните барања, па за време на протестите во Скопје не обезбедиле превоз, туку се снаоѓале и плаќале од сопствен џеб. Тие бараат да имаат увид во трошењето на парите и на кој начин е извршен избор на претставници од месните одбори. 

    На Собранието не беше дозволено да присуствуваат медиумите, а салата беше обезбедувана од двајца униформирани полицајци и приватно обезбедување.

    За предлогот на Извршниот одбор за зголемување на хонорарите на раководството на здружението, Кумановоњуз веќе пишуваше. Со него се предвидуваше претседателот да добива 14 илјади денари наместо досегашните 12.000 денари, потпретседателот и секретарот по 13.000 денари, наместо 11.000 и 10.000 денари, додека претседателот на Собранието 6.000 денари.

    Исплатата на хонорари на раководствата на здруженија се регулирани со одлука на Сојузот на здруженија на пензионери, според бројот на членови. Кумановското здружение има повеќе од 16 илјади членови, што го вбројува во едно од најголемите здруженија во државата. Кумановските пензионери функционери тврдат дека нивните хонорари се под предвидениот просек.