×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Сочувство до семејството на загинатите деца во Романовце изразија првите луѓе на државата и општината

    23.02.2020 19:37 | KumanovoNews

    Изрази на сочувство до семејството на загинатите деца во Романовце и жалење поради големата трагедија изразија првите луѓе на државата и општината.

    Сочувство до семејството на загинатите деца во Романовце изразија првите луѓе на државата и општината

    Премиерот Оливер Спасовски вечерва на својот фејсбук профил изрази сочувство до семејството кое загуби три деца во експлозија на плинска боца во селото Романовце.

    – Длабоко сочувствувам со моите сограѓани од Општина Куманово, жители на село Романовце, за трагично загубените животи на три дечиња и посакувам брзо закрепнување на останатите седум повредени, напиша Спасовски.

    - Сочувство за семејството и блиските за несреќата во кумановското село Романовце во која животот го изгубија три деца, а уште шест лица се повредени. Загубата е ненадоместлива, се надевам повредените, на кои во моментов им се пружа медицинска помош, ќе бидат добро, напиша претседателот Стево Пендаровски.

     - Сочувство до семејствата на загинатите во несреќата што денеска се случи во селото Романовце. На повредените им посакувам побрзо закрепнување. Во контакт сум со претседателот на месната заедница во оваа село и како општина стоиме на располагање за помош во рамките на нашите можности и надлежности, напиша градоначалникот Максим Димитриевски.

    - Најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите во несреќата во Романовце за огромната загуба. Искрени желби за брзо и успешно закрепнување на повредените, - напиша претседателката на Советот Атина Мургашанска.

    Сочувство изразија и лидерот на СДСМ Зоран Заев и голем број на личности од јавниот живот и граѓани. Сите жалат за големата несреќа, во која животот го загубија 3 деца, а уште седум членови на семејството се повредени, од кои четворица се во тешка здравствена состојба.