×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Сојузот на борците во Жегљане ќе го одбележи формирањето на Трета МУБ

    21.02.2020 12:40 | KumanovoNews

    Сојузот на борци на Куманово, во среда во селото Жегљане, ќе ја одбележи годишнината од формирањето на Третата македонска бригада.

    Сојузот на борците во Жегљане ќе го одбележи формирањето на Трета МУБ

    Секретарот Благе Јакимовски ги повика граѓаните да се приклучат на одбележувањето на овој ден, поради што ќе има организиран превоз.

    - Трета македонска ударна бригада е формирана на слободна козјачка територија на којашто во тој период делуваат двата кумановски баталјони, едниот е Јордан Колов Орце и вториот Тодоровски Карпош. Тие делуваат на оваа територија каде окупаторот е изгонет од неа, каде што по успешно завршување на походот на слободна козјачка територија  пристигнува военото и политичкото раководство со еден баталјон Преспанско-битолски баталјон и се создадени реални услови да се формира Трета МУБ,- додава Јакимовски.

    Заинтересираните граѓани кои сакаат да присуствуваат на одбележувањето на празникот  на 25 и 26 февруари (понеделник и вторник) од 10 до 12 часот треба да се пријават во канцелариите на Сојузот на борнците, која се наоѓа на приземјето во поранешен Комитет.

    Бесплатниот автобуски превоз од пред Комитет ќе тргне во среда во 10 часот.