Мени

Сообраќајка на раскрсницата на „Трета МУБ“ и Проевце

26.10.2020 07:45 | KumanovoNews

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа на раскрсницата на улицата „Трета МУБ„ и патот кон Проевце.

Сообраќајка на раскрсницата на „Трета МУБ“ и Проевце

Сообраќајката се случила утринава околу 7.30 часот,  при судир на два автомобила, „Форд“ и „Ауди“ со кумановски ознаки.  Возачот на  фордот со брза помош е пренесено во Општата болница Куманово.

Од МВР ја потврдија незгодата и најавија повеќе информации во текот на денот откако ќе заврши увидот.

- Во 7.30 часот, на улицата Трета МУБ се судрија две возила „Форд“ и „Ауди“, со кумановски регистерски ознаки. Едно лице е пренесено во Кумановската болница. Се врши увид на лице место, - велат од МВР за Кумановоњус.

Очевидци на настанот велат дека по судирот на двата автомобила,  фордот излетал од патот и се превртел.

 Жителите од овој дела на градот се жалат дека на оваа раскрсница често се случуваат сообраќајни несреќи, поради што бараат да се постави семафори, лежечки полицајци или кружен тек.

- Срашно беше. Се` уште не можеме да се соземеме од шокот и гледката пред нашите куќи. Тука поминуваат деца за на училиште и нивната безбедност е особено загрозена. Mора да се изгради кружен тек или да се постават лежечки полицајци, бидејќи и кога има семафор возачите се залетуваат да фатат зелено светло и истото се случува. На предходната раскрсница има семафор, па колку луѓе изгинаа. Секојдневно преживуваме трауми од неодговорно однесување на поединци и бараме итно да се најде решение за овој проблем, - реагираат родителите и граѓаните.