Сообраќајка помеѓу мотор и пасат на „Октомвриска“
08.09.2020 10:31
| KumanovoNews
Едно лице е повредено во сообраќајна незгода на крстосницата на бул.„Октомвриска Револуција“ и улиците „Ѓорче Петров“ и „Иво Лола Рибар“ во Куманово.

Сообраќјката се случила синоќа во 18.10 часот помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.М.(23) од Куманово и мотоцикл „јамаха ЗР 750“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од С.С.(28) од Куманово.
Во незгодата С.С. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Куманово.
Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.