Сопственик на објект за видео игри во Куманово ќе добие кривична пријава - работел по дозволеното време
12.02.2021 10:19
| KumanovoNews
Во СВР Куманово ноќеска 16 минути по полноќ, било пријавено дека во објект за видео игри на улица „Гоце Делчев“ има група граѓани кои не ги почитувале здравстените прописи за време на епидемија.

Полициските службеници извршиле контрола и било констатирано дека објектот работи по дозволеното работно време, а во објектот биле затекнати 15 лица и еден вработен.
По целосно документирање на случајот, против сопственикот ќе биде поднесена соодветна пријава.