×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Советниците утре ќе одлучуваат за задолжување на Општина Куманово

    29.09.2020 17:28 | KumanovoNews

    Советниците утре ќе расправаат по предлогот на Општина Куманово за долгорочно задолжување за набавка на опрема за јавните претпријатија, откако минатата недела беше одржана јавна расправа.

    Советниците утре ќе одлучуваат за задолжување на Општина Куманово

    Општина Куманово планира да подигне кредит во висина од 63.754.712 денари или 1 милион евра, кај Светската банка за обнова и развој со каматна стапка од 1 отсто, враќањето е 13 години, со грејс период од 3 години. Средствата ќе се искористат за набавка на: градежни машини, опрема и камиони за изнесување и депонирање на смет, опрема и камиони за зимско оддржување на сообраќајниците и специјално возило-пајак, за јавните претпријатија „Водовод“, „Чистота и Зеленило“, „Куманово-гас“ и „Куманово-паркинг“.

    Предлагачот смета дека проектот ќе има големи придобивки на општината и четирите јавни претпријатија, а ќе генерира дополнителни приходи и заштеди на средства на јавните претријатија и нови услуги кон граѓаните. Поради моменталната финансиска состојба и стара и амортизирана механизација, претпријатијата трошат големи средства за нивно оддржување и трпат големи финансиски загуби.

    - Со новата опрема претпријатијата ќе имаат капацитет да се ангажираат да извршуваат работи како што се изградба на водоводна и канализациона мрежа и зимското оддржување на улиците, наместо тоа да го вршат приватни фирми како досега,- го бранеа предлогот за задолжување од власта, наспроти обвинувањата на опозицијата дека времињата се тешки и општината може да заглави со овој кредит, како што тоа беше случај со предходниот на МЕАП.

     Апликацијата за овој преокт е поднесена во 2018 година, а во конкуренција на повеќе општини Куманово го добило проектот во висина од еден милион евра.