×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Спасовски: Борбата на Делчев беше за Македонија со европска иднина

    04.05.2024 12:45 | KumanovoNews

    Носителот на листа на кандидати за пратеници од ИЕ2 предводена од СДСМ и коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, положи цвеќе пред бистата на Гоце Делчев во кругот на Гимназијата „Гоце Делчев”, во Куманово, по повод 121 година од загинувањето на македонскиот револуционер.

    Спасовски: Борбата на Делчев беше за Македонија со европска иднина

    „Борбата на македонскиот револуционер Гоце Делчев никогаш не беше свртена кон минатото, туку кон иднината. Македонија со европска иднина, како дел од демократскиот и прогресивен свет. Тој ни остави аманет за вклученост и искрен пристап во политичките предизвици пред кои е исправена земјата од сите општествени чинители и граѓани, без разлика на нивната верска, етничка или политичка припадност.
    И никогаш посилно не одекнувале неговите зборови во Преспа, во далечната 1901 година: „Македонија им припаѓа на сите Македонци, без разлика на религијата, нацијата и јазиците, во утрешна слободна Македонија и преку неа ќе се здружат сите балкански народи“ - Идеалите и заложбите на великанот Делчев ги продолжуваме остварувајќи го вековниот сон за слободна, демократска и економски напредна Македонија, дел од најмоќните светски сојузи НАТО и ЕУ - како Македонци, со македонски идентитет, посебност, јазик, култура и традиција“, вели Спасовски.