×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Спасовски: Да избереме сигурност, развој, визија и перспектива

    15.07.2020 19:34 | KumanovoNews

     Претседателот на Владата и носител на листа на коалицијата „Можеме“ во Изборната единица 2, Оливер Спасовски, денеска гласаше на избирачкото место во О.У. „Христијан Тодоровски Карпош“ во Куманово.

    Спасовски: Да избереме сигурност, развој, визија и перспектива

    По гласањето тој истакна дека денеска е исклучително важен ден за земјата и дека како Влада покажале дека можат да организираат фер, демократски, слободни и безбедни избори и во услови на сериозна здравствена криза.  

    „Ова е сериозен предизвик заради тоа што во вакви сериозни времиња и одговорноста на секој еден граѓанин е голема, со цел да воспоставиме институции кои се ефикасни, коишто се со полн легитимитет, кои ќе можат да носат одлуки во наредниот период за зачувување на здравјето, да се носат одлуки кои ќе значат подобрување на економската состојба во државата. Јас очекувам денеска граѓаните да излезат масовно на изборите, да го потврдат патот по кој сите ние се движевме, да избереме сигурност, развој, визија и перспектива, наспроти опасноста и враќањето назад“, - изјави Спасовски.

    Тој оддаде признание и на Комисијата за заразни болести и на сите оние кои што ги спроведуваат изборите, Државната изборна комисија, затоа што поставиле вистински протоколи кои гарантираат безбедно гласање во услови на пандемија, бидејќи од нивната одлуката ќе зависи каде ќе се движи државата во наредниот период.