Спасовски и Филипче: Комплетно се почитуваат насоките и препораките за справување со корона вирусот
Претседателот на Владата Оливер Спасовски, заедно со министерот за здравство Венко Филипче и заменик министерот за здравство Арменд Арслани, денеска го посетија граничниот премин во Табановце, со цел да направат проверат како функционира системот за превенцијата од корона вирусот.

Спасовски, потенцираше дека вработените работат спогласно алгоритмот и дека се почитуваат сите препораки дадени од Кризниот штаб за контрола на патниците, коишто влегуваат на овој граничен премин, а се од земјите каде што е застапен вирусот.
Можам да им одадам признание, бидејќи ги почитуваат сите насоки коишто беа дадени од Кризниот штаб за контрола на секој патник којшто влегува на територијата на Република Северна Македонија. Дојдовме овде заедно со министерот, за да видиме како функционира тој систем и да побараме од полицијаците, од царинската управа да останат посветени, се` со цел сите заедно да придонесеме за зачувувањето на јавното здравје. Добро е што навремено бевме подготвени, навремено се преземаат сите мерки, каде целта беше како да се пресечат патииштата на движењето на вирусот,- рече претседателот на Владата.
Тој доде и дека откако бил регистриран првиот случај на корона вирус во Македонија, дека досега на граничниот премин на Табановце поминале околу 250 патници со автобус коишто се од Италија и ризичните зони и околу 70 патници коишто се дојдени со сопствени возила, но дека по низа проверки се покажало дека нема случај кој треба да биде изолиран. При тоа апелираше до сите граѓани коишто доаѓаат од ризичните зони да одговараат соодветно на прашањата коишто им се поставуваат и да се однесуваат совесно, со цел успешно спавување со кризата.
Министерот Филипче, посочи дека на граничниот премин соодветно се прават проверки и вели дека доколку се јави потреба за интервенија, дека се обезбедени услови за заразената личност да се изолира.
- Нема нови пациненти кои во овој момент се тестираат за корона вирусот. Новина е што во текот на вчерашниот ден стигнаа контролните резултати од лабароторијата во Германија со којашто соработуваме, кои ги потврдија сите наши тестови сите негативни и позитивни на пациентката, што е обврска како супервизија на нашата лабараторија во рамки на Институтот за јавно здравје. Набавката на дополнителна опрема е во тек, тоа е опремата со која би се надополниле нашите резерви. Во текот на вчерашниот ден го потпишавме договорот за дезинфекционите средства, тие веќе од утре ќе бидат дистрибуирани во основните училишта, така што и тој проблем ќе биде решен,- додава министерот.