Спасовски и Сугаревски извршија увид во рехабилитацијата на патот Куманово-Страцин
Премиерот Оливер Спасовски и министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски, денеска извршија увид на градежните работи на патниот правец Куманово-Страцин. Станува збор за делница долга 16,6 км, а вредност на проектот е 7,2 милиони денари.

Во моментот се рехабилитира комплетната коловозна конструкција, со асфалтирање во два слоја, и се изведува санација на три моста и десет плочести пропусти, се гради заштита на косини со армирано бетонски ѕидови и се поставува заштитна мрежа заради безбедност. Долж делницата ќе се реновираат и градат седум паркиралишта и осум автобуски станици, а исто така се изведуваат и работи за комплетна обнова на хоризонтална и вертикална сигнализација по целата траса, како и електричното осветлување на патот којшто поминува низ населеното место Страцин.
Спасовски истакна дека со вложувањсе во инфрструктурата во Куманово, тие како Влада му се оддолжуваат на градот, заради повеќегодишното занемарување и додаде дека дека тие ќе продолжат со интензивно работење и инвестирање во инфраструктурата на патиштата, бидејќи тоа се инвестициии кои овозможуваат подобра поврзаност на локалните заедници со големите европски центри, кои претставуваат можност за развој на новата македонска економија.
„Денеска сме овде со намера да ги подржиме работниците на трасите, да им соопштиме на граѓаните дека сите проекти се реализираат според планот и ќе бидат завршени во утврдените рокови. Денеска, сме во посета и увид во работите на една од главните артерии, а тоа е Европскиот коридор 8, овде се работи на делница од Куманово до Страцин којашто е долга 16,6 км. Градиме за да обезбедиме силен локален економски развој, за особено во овој дел на земјата којшто беше многу долг период запоставен. Денеска оваа влада, предводена од СДСМ, интензивно вложува во Куманово и во кумановскиот регион, и со тоа ја исправа долгогодишната неправда што со години му беше нанесувана на овој град“, рече претседателот Спасовски.
Министерот Сугаревски информираше дека овој проект тече согласно предвидената динамика, и дека очекуваат проектот да заврши порано од предвидениот рок за во месец јануари наредната година.
„Сакам да потенцирам дека и од изведувачот и од надзорниците бевме информирани дека овој проект тече согласно динамиката и покрај тоа што е предвидено да се заврши некаде до јануари, очекувањата наши и нивни се дека овој проект целосно ќе биде завршен дури и претходно. Вредноста на проектот е некаде 7,2 милиони евра, дополнително очекуваме дека ќе бидат добиени средства и од ИПАРД за преостанатите 15 км, така што овој пат целосно ќе чини 14 милиони евра“, соопшти министерот Сугаревски.
Воедно,Спасовски потсети дека освен овој проект, тие за време на оваа Влада, рехабилитирале патишта во должина од 112 километри, меѓу кои: Куманово-Опае, Куманово-Никуштак, Куманово-Свети Николе, го реконструирале патот Младо Нагоричане граничен премин Пелинце, понатаму Куманово-Страцин и Ропаљце-Матејче-Липково, а во скоро време најавува дека ќе започне и последниот дел од автопатот Куманово- Табановце, од клучката Куманово на патот кон Војник.
(Ф.Марковска)