×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Спасовски: „Можеме“ е сигурна грижа за сите, повисоки плати и пензии и напред по правиот пат

    28.06.2020 13:31 | KumanovoNews

    Куманово доби две училишни спортски сали и уште една е во изградба, а спроти овој модерен затворен базен изграден во мантатот на СДСМ е Спортската сала којашто во новиот мандат ќе ја реконструираме, рече носителот од СДСМ во ИЕ2 Оливер Спасовски.

    Спасовски: „Можеме“ е сигурна грижа за сите, повисоки плати и пензии и напред по правиот пат

    „Се грижиме за сите и за младите генерации и за возрасните на кои ќе им овозможиме да ја гледаат својата младост и сега и во иднина тука, со тоа што ќе ја задржиме автентичноста на објектот. „Можеме“ е сигурна понуда за грижа за сите граѓани и за повисоки плати и пензии и одовде ја праќам оваа централна порака денеска дека продолжуваме по правиот пат. Нудиме нова македонска развојна економија, заснована на нови технологии, одржливост и човечки капитал, модел што ќе ги штити работните места на граѓаните, ќе генерира повисоки плати и подобри работни места. Тоа е нова, развојна македонска економија којашто носи стабилност и шанса за сите, наспроти мрачното минато и кражбите на режимот што создаваше шанси само за себе, - рече Спасовски пред граѓаните кај спортската сала во Куманово.