×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Спасовски, Наумовска и Димитриевски на увид во изградбата на нова спортска сала во Куманово

    08.07.2020 11:10 | KumanovoNews

    Премиерот Оливер Спасовски, заменик министерката за образование и наука, Елизабета Наумовска и градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, денеска извршија увид во работите на спортската сала во Техничко училиште „Наце Буѓони“ - Куманово.

    Спасовски, Наумовска и Димитриевски на увид во изградбата на нова спортска сала во Куманово

    Салата ќе биде опремена со сите спортски реквизити и справи за мали спортови, кошарка, ракомет, мал фудбал и за одбојка. Средствата за нејзината изградба во висина од 27 милиони денари ги обезбеди Владата, а Општина Куманово вложи 1,5 милиони денари.

    „Оваа Влада, предводена од СДСМ и коалицијата, инвестираше во изградба и реновирање на 25 спортски сали на територијата на целата држава. Од нив 2/3 се веќе завршени и функционални. Денеска сме сведоци на завршените работи на надворешниот објект на спортската сала на Средното техничко училиште „Наце Буѓони“, овде во Куманово. Во моментот се работи на уредување на внатрешноста на салата. Спортската сала започна да се гради минатото лето, а на есен, со почетокот на новата учебна година се очекува да биде пуштена во употреба откако ќе се заврши нејзиното внатрешно уредување кое е во тек. Од септември оваа и сите идни генерации ученици ќе имаат соодветни услови за реализирање на физичкото образование“, - изјави премиерот Спасовски.

    Средното техничко училиште „Наце Буѓони“ постои од 1960 година. Наставата се одвива во 72 паралелки со околу 2000 ученици на македонски и албански наставен јазик, и до сега наставата по физичко и здравствено воспитување се одвиваше во импровизирани услови.

    „Никогаш во Куманово не се градело толку и не се водело грижа за младите и за граѓаните како во последните три години. Грижата за Кумановци оваа Влада ја покажа и со враќањето на градската спортска сала, познатата „Соколана“, во владение на општината. После долгогодишното крчмење и уништување на овој спортски комплекс, кој чува спомени за врвните достигнувања на спортските екипи од градот, тој ќе биде реконструиран и реновиран за повторно да ги отвори вратите за нови спортски настани и успеси“, - додаде Спасовски.

    Заменик-министерката за образование и наука, Наумовска во својата изјава истакна дека образованието е еден од основните столбови на едно општество и за тоа оваа Влада толку посветено инвестира во човечките ресурси во образованието и затоа платата на наставниците и сите вработени во овој сектор кумулативно во овој период се зголеми за околу 21%.

    Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски истакна дека ова училиште после 60 години добива училишна спортска сала.

    „Во претходниот период, кога беа укинати инвестициите кон Куманово од страна на централните власти успеавме да изградивме со сопственици сили атлетски стадион околу училиштето. Во оваа инвестиција општината учествуваше со 1.5 милиони денари, додека основната инвестиција е на Владата и ресорното министерство. Во рамките на проектот и капиталните инвестиции во Куманово за овие три години се изградени три вакви училишни сали. Ова училиште креира кадри од областа на електротехниката и механиката и го посетуваат повеќе од 2.000 ученици и сум горд дека со овој проект можеме да заокружиме една голема целина“, истакна градоначалникот Димитриевски.

    Тој на крај се заблагодари на Владата и Министерството за образование и наука за посветеноста и интензивната соработка и изрази убедување дека е поминат периодот на неинвестирање во Куманово од централната власт и изрази надеж дека соработката и во иднина само ќе се интензивира.