×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Спасовски, Османи, Филипче и Адеми ја посетија Кумановската болница

    15.04.2020 16:34 | KumanovoNews

    Премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче и министерот за образование и наука Арбер Адеми, денеска ја посетија Општата болница во Куманово.

    Спасовски, Османи, Филипче и Адеми ја посетија Кумановската болница

    На средбата беше разговарано за моменталната состојба во болницата и беа разменети искуства за надминување на тековните проблеми.

    Премиерот Спасовски истакна дека во Куманово е остварен најголем процент на направени тестови.

    „Со континуираните заложби што ги прават лекарите и медицинскиот персонал во болницата, заедно со епидемиолозите во Центарот за јавно здравје во општината и матичните лекари, ќе успееме да застанеме на патот на ширењето на вирусот. Уште еднаш апелирам да се почитуваат препораките за физичка дистанца, особено зашто ни претстојат Велигденските празници. Така најмногу ќе му помогнеме и на здравствениот персонал во Куманово кои се во првите редови во справувањето со коронавирусот “, истакна во својата изјава за медиумите премиерот Спасовски.    

    Министерот Филипче рече дека Куманово се издвојува со зголемен број дијагностицирани пациенти во последните неколку дена, но дека вработените во болницата се на висината на својата задача.