Спасовски: Велигденските празници да ги прославиме во кругот на семејството
Премиерот Оливер Спасовски апелираше до граѓаните велигденските празници да ги прославата во кругот на семејството, да седат дома, да не се групираат и да ја почитуваат социјалната дистанца.

- Јас упатив порака пред неколку дена во која реков дека сега е моментот велигденските празници да ги прославиме дома, во кругот на нашите семејства и во духот на нашата традиција. Ние немаме одлука за затворање на верските објекти ниту ни за непрактикување на верата. Тоа не може да се донесе. Во ниту една состојба, во која може да се најде државата, не може, затоа што тоа е право кое е неприкосновено. Меѓутоа, знаете дека имаме ставови, одлуки на МПЦ и ИВЗ што се однесува на почитувањето на мерките на државата, за социјална дистанца. Апелирам до граѓаните за време на велигденските празници да останеме дома, во кругот на нашите семејства, така најбрзо ќе го победиме ова зло, односно спречување на ширење на вирусот“, рече Спасовски.