Спона и Делии организараат хуманитарен концерт во Куманово
25.09.2020 12:36
| KumanovoNews
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, утре во 19 часот, ќе се одржи хуманитарен концерт во организација на Културно информативниот центар на Србите во Македонија - Спона и Фонадацијата на навијачите на Црвена Ѕвеза- Делии.

На концертот ќе настапат: групата Косовски Божури и пијанистот Јован Цветковиќ.
Цената на влезницата е 300 денари. Средствата од концертот ќе се донираат на социјално ранливите семејства.