Спречен шверц на 3 килограми марихуана на Табановце
        27.11.2014 13:37
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      На граничниот премин Табановце, вчера цариниците спречија шверц на 3 кг марихуана.
Во 21.20 часот, при контрола на автобус, кој сообраќа на редовна линија Струга – Виена, пријавен за излез од државата, царинските службеници под седиште пронашле околу 3 килограми непозната материја во зелена боја. Испитувањето покажало дека се работи за наркотична дрога марихуана. Целиот предмет е предаден на Одделението за истраги, кои во координација со Основното јавно обвинителсво во Куманово презема дејствија и активности заради утврдување на сите факти и докази во врска со овој случај.


                  
                  
                  
                  
                  
                  



