Мени

Запленети се 20 тони помфрит со поминат рок и 2 тони небезбеден пилешки стек

24.11.2025 07:52 | KumanovoNews

Над 20 тони замрзнат компир – помфрит, кој имал рок на употреба (23.мај 2025 година е запленет при увоз во државата  од инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ).

Запленети се 20 тони помфрит со поминат рок и 2 тони небезбеден пилешки стек

Компирот бил увезен од Холандија, и наменет за продажба на македонскиот пазар.

Забранетите количини замрзнат компир, во присуство на инспектори за храна од Агенцијата, нештетно се уништени на депонијата Дрисла, врз основа на изречената мерка забрана за увоз и издаденото решение со наредба за нештетно уништување.

„При вонреден инспекциски надзор кај оператор со храна од животинско потекло, АХВ заплени и нештетно уништи и 2.000 килограми небезбеден пилешки стек. Поради непочитување на процедурите на добра хигиенска и добра производствена пракса, на операторот со храна изречена му е мерка времена забрана за работа и парична казна од 4.400 евра во денарска противвредност“, соопшти АХВ.

Во раки на редовните и вонредните инспекциски контроли на официјалните ветеринари и инспекторите за храна, АХВ продолжува со спроведување на мерки за заштита на граѓаните од консумирање на небезбедна храна со тоа и за заштита на нивното здравје,
и за заштита на здравјето и благосостојбата на животните.