Среда, 2 август, неработен за сите граѓани
27.07.2023 11:09
| Сузана Николиќ
Денот на републиката - 2 Август, е неработен ден за сите граѓани.

Од Министерството за труд и социјална политика соопштија дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 02 Aвгуст (среда) 2023 година, Ден на Републиката е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани им го честита Денот на Републиката.