Средната зона на градот од ноќеска без вода - ќе се сервисира главниот вод
Жителите на средната зона во градот по полноќ ќе имаат прекин во водоснабдувањето, поради редовни технички активности на мрежата.

Како што соопштуваат од ЈП „Водовод“ периодично сервисирање на елементи на водоводната мрежа за средната зона Ф457.2мм, ќе започне во понеделник од 1 часот по полноќ.
„Водоснабдувањето ќе биде прекинато во недела наспроти понеделник на водот за средната водоводна зона и тоа на улиците: Тоде Мендол, Б.И.Гуне, Вук Караџиќ, Поток Серава, Младен Стојановиќ, Франц Розман, Драгојло Диндиќ, Милан Зечар, Прозорска, дел од Бајрам Шабани, Васа Пелагиќ, Правда Спасовска, Бараки и околните улици кои гравитираат околу гореспоменатите улици. Додека во населбите Гоце Делчев, Зелен Рид и Јане Сандански ќе има намален притисок во водоводната мрежа“, стои во известувањето од претпријатието.
Водоснабдувањето се очекува да се нормализира во претпладневните часови, а ЈП Водовод - Куманово ги замолува граѓаните за разбирање.