Средношколци од Куманово се степале на Блаце на пат кон Приштина
12.10.2023 17:03
| KumanovoNews
На Граничниот премин Долно Блаце, вчера околу 10 часот се степале ученици од кумановско средно училиште кои патувале со автобус кон Приштина.

„По претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу шест малолетници, тројца од една страна и тројца од друга страна, сите ученици во исто средно училиште од Куманово, а кои патувале со автобус кон Приштина. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, соопшти МВР.