×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Средношколци протестираа против онлајн настава

    07.10.2020 13:25 | KumanovoNews

     Стотина ученици, главно средношколци, денеска протестираа пред Општина Куманово, барајќи да одат на училиште, а не да следат онлајн настава.

    Средношколци протестираа против онлајн настава

    Учениците велат дека додека во државата во сите институции се нормализира работата и се отвараат границите кон соседните држави само училиштата остануваат затворени.

    - Како можат да работат кафулињата, рестораните и други објекти, а само училиштата не. Мене не дека нешто многу ми се оди на училиште, ама таму е другарувањето, зезанцијата, во постојана интеракција сме едни со други, а вака ќе закржлавеме седејќи дома. Министерството со затворањето на училиштата може се грижи за нашето здравје, но не и за нашата иднина, бидејќи ќе останеме неписмени и без соодветна наобразба. Има и многу деца што немаат компјутери, а Владата не може да купи на сите и затоа треба да се вратиме во училишните клупи, - вели Кирил Димитриевски, ученик во четврта година во Техничкото училиште „Наце Буѓони“.

    Драгана Спасовска од истото училиште, вели дека за разлика од кај нас во другите држави наставата се одржува со физичко присуство и затоа треба да се следи нивниот пример.

    - Ако вие сега ни го уништувате правото на ефикасно образование што ќе прават идните генерации? Овој протест не се базира само на тоа да ставиме стоп на онлајн наставата туку и да ви укажеме на тоа дека никој во оваа држава нема доволно средства за да ги исполни вашите желби. Нашите родители не се ниту милионери ниту бизнисмени, изјави Спасовска.

    Директорот на училиштето Драган Јаневски, вели дека против онлајн настава се група на ученици, коишто за денеска најавиле дека ќе одат на протест, додека останатите редовно си ја следат онлајн наставата, а нема ни осипување на учениците што денеска имале практична настава во училиштето.  

    Според одлуката на Министерството за образованите, во Куманово во сите основни и средни училишта кои се во градските средини наставата се изведува онлајн, а во централните и подрачни училишта во селските средини, со помал број на ученици со физичко присуство.