×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Средношколците во прва година ќе се запишуваат по азбучен ред и по посебен протокол во училиштата

    12.06.2020 09:53 | KumanovoNews

    Учениците коишто ќе се запишуваат во прва година во средните училишта, во вторник и среда, ќе мора да почитуваат посебни протоколи за постапување во училиштата зграда. 

    Средношколците во прва година ќе се запишуваат по азбучен ред и по посебен протокол во училиштата

    Согласно известувањето од страна на Министерство за образование и наука, Владата и Комисијата за заразни болести, средните училишта во Куманово го објавија протоколот за постапување на училиштето и идните ученици, при уписот во прва година.  

    Приемот на документите ќе се врши на 16.06.2020 и 17.06.2020 по азбучен ред во периодот од 07.00 до 19.00 часот.

    Од училиштата апелираат учениците да го почитуваат протоколот и зарадни нивното здравје, а поради одговорноста кон заедницата.

    „Дозволен е влез само на ученикот, а не и на неговиот родител. Во посебен случај доколку ученикот е спречен од оправдани причини се овозможува влез само на еден родител/старател, кој носи заштитна маска, марама или шал. Воедно, задолжително е користење на заштитна опрема, маски и ракавици од страна на сите вработени и посетители на училиштето. Исто така и дезинфицирање на рацете со средство за дезинфекција, задолжително одржување на физичко растојание од минимум 2 метра во и надвор од објектот. Учениците треба да ги почитуваат ознаките со кои се означува правец на движење и следење на упатствата на редарите во училиштето“, соопштуваат од Министерството за образование и наука.

    Доставувањето на документи од страна на ученикот, односно родителот/старателот ќе се одвива по распоред согласно азбучниот ред од презимето, односно:

    - oд 07:00-08:30 часот- прием на документи за ученици чие презиме започнува на буквите A, Б, В, Г;

    - oд 08:30-10:00 часот- прием на документи за ученици чие презиме започнува на буквите Д, Ѓ, Е, Ж;

    - oд 10:00-11:30 часот- прием на документи за ученици чие презиме започнува на буквите З, S, И, Ј;

    - oд 11:30-13:00 часот- прием на документи за ученици чие презиме започнува на буквите К, Л, Љ, М;

    - oд 13:00-14:30 часот- прием на документи за ученици чие презиме започнува на буквите Н, Њ, О, П;

    - oд 14:30-16:00 часот- прием на документи за ученици чие презиме започнува на буквите Р, С, Т, Ќ;

    - oд 16:00-17:30 часот- прием на документи за ученици чие презиме започнува на буквите У, Ф, Х, Ц;

    - oд 17:30-19:00 часот- прием на документи за ученици чие презиме започнува на буквите Ч, Џ, Ш.

    Исто така училиштето е задолжително редовно да врши дезинфекција на клупите и просторот во училиштето, да одржува хигиена на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употребата на средствата за дезинфекција, а на крајот на секој работен ден задолжително треба да изврши механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатството на производителот.

    При уписот, учениците треба да приложат комплетни документи согласно условите на конкурсот, придружени со претходно потполнета пријава за запишување, која се превзема од училишниот веб-сајт http://gdku.edu.mk.