×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Средношколки од Куманово лауреатки на литературни фестивали во Русија

    29.04.2024 13:38 | Теодора Стоевска

    Тамара Даиловска од СОУ „Перо Наков“ и Мила Цветановска од СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ се добитнички на први награди и прогласени се за лауреати, за онлјан учество на два престижни меѓународни литературни фестивали во Санкт-Петербург, Русијa. 

    Средношколки од Куманово лауреатки на литературни фестивали во Русија

    Двете ја понеле титулата „лауреат“ на фестивалот за детско и младинско творештво „Се започнува од детството“, а на Меѓународниот фестивал за детско литературно творештво освоиле прво место во категорија „публицистика“ и ја добиле престижната награда „победник“.

    „Наградата ми е многу драга и многу сум среќна што ја освоив, иако поважно ми е што ние со Мила сме првите учесници од Македонија кои учествувале на овој натпревар, а да си прв значи дека го пробиваш патот за нови, други учесници од нашата земја“, вели Даиловска.

    Цветановска за литературниот фестивали напишала есеи на претходно зададена тема, и презадоволна е од постигнатото.

    „Можеби токму убаво зададените теми ми дадоа инспирација да напишам есеи кој ќе ми се допаднат не само на мене, туку и на другите читатели. Сите награди и признанија кои ги имам добиено се благодарение на мојата професорка Билјана Коцевска, која се труди да ни го пренесе своето знаење и да ја поттикне кај нас љубовта во изучувањето на рускиот јазик“, вели Цветановска.

     Професорката Коцевска е горда на успесите на своите ученички. 

    „Ме радува тоа што учениците самите осознаваат дека потребата од знаењето на рускиот јазик веќе е реалност. Во нашиот град има многу мали дечиња кои во совршенство го зборуваат рускиот јазик и навистина би било штета на таквите деца да не им се дозволи да го изучуваат јазикот што го сакаат во училиштата каде што учат“, вели  Коцевска.

    Мила рускиот јазик почнала да го учи во основното училиште, а подоцна ја засакала културата, традициите и обичаите на Русија.

    „Во основното училиште учествував на многубројни приредби и настани на кои пеевме руски песни и рецитираме поезија од познати руски поети. Знаењето на рускиот јазик многу ќе ми користи во иднина, бидејќи тој е вториот најраспространет јазик на Интернет“, додава Цветановска.