Мени

Срѓан Ивановски е нов раководител на Централен регистар Куманово

18.11.2025 07:32 | KumanovoNews

Срѓан Ивановски, дипломиран правник, е назначен за нов раководител на Регионалната канцеларија на Централен регистар Куманово.

Срѓан Ивановски е нов раководител на Централен регистар Куманово

Ивановски вели дека му е чест и задоволство, но истовремено и одговорност да менаџира една престижна институција на локално и регионално ниво, бидејќи канцеларијата ја покрива и Крива Паланка. Истовремено се заблагодари за укажаната довербата на директорката Анита Стамнова.

„Тука сум, нешто повеќе од 3 месеци и од она што го видов досега, морам да констатирам дека во институцијата работат колеги кои се професионални во својата работа, почитувајќи го пред се етичкиот кодекс на однесување, а применувајќи го начелото на законитост и ефикасност. Нашата работа е основа за многу процеси во земјата и ние секојдневно се трудиме да ги унапредиме нашите услуги. Во последните месеци реализиравме значајни подобрувања во нашите системи за ефикасност и безбедност на податоците. Како раководител на Централен регистар во Куманово, посветени сме на обезбедување точни и ажурни податоци за нашите граѓани и деловни субјекти. Нашата цел е да бидеме транспарентни и достапни и да го зголемиме нивото на доверба во институцијата“, вели Ивановски.

Тој додава дека активно работат на дигитализација на нивните услуги, што ќе ја олесни комуникацијата со граѓаните и ќе ја забрза обработката на податоците. 

Ивановски досега работеше во Фондот за здравствено осигурување во Куманово, а доаѓа на местото на досегашниот раководител Дарко Ристовски.