×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ССКМ бара итно преземање чекори за справување со енергетската криза

    18.11.2021 14:19 | Сузана Николиќ

    Енергетска криза е нов предизвик за претпријатијата, бидејќи ја нарушува нивната ликвидност, профитабилност и ја намалува нивната конкурентност. Во услови кога со години нема сериозни инвестиции во енергетскиот сектор што ќе ја обезбедат неговата стабилност, неопходно е надлежните институции да ги превземат сите мерки со цел успешно справување со состојбите од енергетската криза, апелираат од Созузот на стопански комори на Македонија.

    ССКМ бара итно преземање чекори за справување со енергетската криза

    Оттаму велат дека стопанството две години се соочува со многубројните предизвици кои произлегоа од здравствено-економската криза, а кои бараат голема ангажираност за одржување на деловната активност на претпријатијата. На овие околности се надоврзува и енергетска криза, проследена со пораст на цените на енергенсите, општ пораст на цените и висока стапка на инфлацијата.

    „Недостигот од електрична енергија, велат, може да се намали со системски мерки и поттикнување инвестиции во енергетскиот сектор.Нашата земја има природни ресурси, сончевата енергија кои може да се стави во функција на дополнително обезбедување електрична енергија. За таа цел треба да се олеснат процедурите за добивање на дозволи за соларни панели кои се поставуваат на покривите на индустриските објекти, како и за соларни електрани. Проектитe од ваков тип треба да имаат поедноставени постапки, да бидат поддржани со цел компаниите да бидат мотивирани да превземат ваков тип на инвестиции“, велат од ССКМ.

    Тие сметаат дека на овој начин недостигот на електрична енергија ќе се намали, ќе се намалат производните трошоци на претпријатијата и ќе се креираат дополнителни работни места. Во таа насока потребна е и измена на Законот за финансиска поддршка на инвестициите со цел да бидат опфатени и инвестициите во обновливи извори на енергија.

    „Последиците кои ги чувствуваат претпријатијата од економската криза се силно изразени, а владата треба преку брзи и ефективни мерки да обезбеди итна поддршка за домаќинствата и претпријатијата, како и таргетирани даночни олеснувања. Преку координирана акција и пакет мерки ќе се ублажи непосредното негативно влијание од зголемувањето на цените и дополнително ќе се зголеми отпорноста од идните ценовни шокови“, сметаат од ССКМ .