×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Старатели ќе можат да отворат сметка во друга банка за немоќни лица кои претходно биле во „Еуростандард банка“

    09.09.2020 17:37 | KumanovoNews

    Надлежниот центар за социјална работа назначува старател за посебен случај на корисници на парични права од социјална заштита, кои не се во можност самостојно да се грижат за своите права и интереси ( корисници на надоместок за помош и нега од друго лице, надоместок заради попреченост, стари и немоќни лица), а кои имале трансакциска сметка во „Еуростандард Банка“, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика.

    Старатели ќе можат да отворат сметка во друга банка за немоќни лица кои претходно биле во „Еуростандард банка“

    За отварање на нова трансакциска сметка во друга банка, близок сродник или лице кое се грижи за корисникот може да поднесе барање за назначување на старател за посебен случај до центарот за социјална работа.

    Кон барањето се доставуваат следниве докумети:

    1. Копија на Извод од матична книга на родените, за корисникот.

    2. Копија на Извод од матична книга на родените, за лицето кое се назначува за старател за посебен случај.

    3. Лични карти на увид (за корисникот и лицето кое се поставува за старател за посебен случај).

    4. Медицинска документација за корисникот.

    5. Лекарска потврда за психофизичка состојба од матичен лекар за лицето кое се назначува за старател за посебен случај.

    Доколку подносителот на барањето ја нема документацијата за корисникот и тоа: копија од  Извод од матична книга на родените и медицинска документација за корисникот, истата ЦСР ја обезбедува од  досието на корисникот за оствареното право.

    Од Министерството информираат дека ќе има дополнителна исплата на паричните права од социјална и детска заштита, за корисниците кои беа клиенти на ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД Скопје, а кои во дадениот рок (до 25.08) не успеале да отворат нова трансакциска сметка во друга банка или да поврзат постоечка трансакциска сметка во друга банка заради исплата на паричните права, која се реализира овие денови.

    На координативниот состанок со банките, МФ и НБРМ беше договорено исплата на паричните права од социјална заштита, заштита на децата и згрижувачките семејства за август 2020 година, да се врши и во дополнителни датуми на 11, 18 и 25 септември 2020 година, при што податоците за корисниците од Банките до Министерството за труд и социјална политика ќе бидат доставени на 7, 14 и 21 септември 2020 година.