Стартуваше е-барање за финансиска поддршка за рурален развој
04.06.2015 09:44
| KumanovoNews
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој месецов започна со спроведување на проектот за поднесување на е-барање за финансиска поддршка по мерките од програмата за финансиска поддршка на руралниот развој.
За таа цел Агенцијата ги известува сите странки кои во иднина планираат да достават барање за финансиска поддршка по програмата за финансиска поддршка на руралниот развој навремено и целосно да ги ажурираат сите податоци за земјоделските стопанства запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства. Ажурирањето на податоците може да се изврши во подрачните единици на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, каде е регистрирано земјоделското стопанство.

